Полицијата професионална, хулиганите повредија 20-тина полицајци (Видео)


Поголем број хулигани, кои беа дел од екстремно агресивната и насилна толпа, со камења и тврди предмети попладнево ги нападнаа полициските службеници кои ги обезбедуваа ненајавените протести.

Истите палеа предмети по булеварите во централното градско подрачје и ја оштетија фасадата на Основниот суд Скопје 1.

Во овие моменти вандалите веќе се потиснати и се преземаат дополнителни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир.

mvr-izvestajСпоред првичните информации, досега на повреди се пожалиле 20-тина полициски службеници и неколкумина учесници во протестите и на сите им е укажана соодветна медицинска помош. При полициската интервенција беа лишени од слобода и приведени шест лица кои се спроведени во Полициски станици.

По завршување на првичната цел на полициската интервенција, односно воспоставувањето на јавниот ред и мир, Министерството за внатрешни работи врз основа на сопствените снимки, но и снимките од медиумите ќе продолжи да работи на идентификација и на останатите хулигани кои учествуваа во насилните инциденти и ќе ги преземе сите мерки против нив.

Инаку, протестите започнаа околу 13,20 часот на ул.„Цветан Димов“ пред џамијата “Јаја Паша“каде се собраа над 200 граѓани кои носеа различни протестни транспаренти и знамиња. Масата започна да се движи во правец кон Бит Пазар во 13,40 часот. До 14,00 часот бројката на луѓе кои протестираа се искачи и голем дел од нив за време на своето движење кон ОСС 1 Скопје, со камења и други предмети ги гаѓаа полициските службеници-ангажирани за обезбедување. Кога пристигнаа пред Судот продолжија со извици „Алаху акбар“ и каменување на зградата.

protesttt-650x396Во 14,00 часот полициските службеници-ангажирани за обезбедување, професионално и согласно стандардните оперативни процедури, започнаа со мерки за растурање на масата и спречување на движењето на насилната толпа кон Влада на РМ. Околу половина час подоцна, откако беа спречени во намерата, масата започна со движење назад кон Бит Пазар. Околу 15,30 часот околу 300 лица кои протестираа се повлекоа на ул.“Цветан Димов“, а поголемиот дел се растурија.

Полициските службеници и понатаму продолжуваат со обезбедување на претходно утврдените критични локации. МВР ќе ги следи и социјалните мрежи преку кои се одвиваше мобилизацијата за насилните протести и апелира граѓаните да не дозволат да бидат манипулирани и инволвирани во какви било нарушувања на јавниот ред и мир.

 Соопштение од МВР

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1