Полицијата се сомнева дека Принс бил убиен


Американската полицијата покренала истрага по повод дека познатиот американски музичар Принц е убиен.

Како што јавуваат американските медиуми, на имотот на Принс во Пејсли паркот се пронајдени сoмнителни рецепти за лекови.prince

Детективите сега испитуваат дали Принс добил повеќе рецепти отколку што му биле потребни, односно тоа било сличен случај како на на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, по чија смрт е утврдено дека лекарот му препишал лек кој довел до негова смрт.

Во моментот истрагата не се води под сомнеж за класично убиство , туку се проверува дали постојат основи за таков случај.

Полицијата има намера да ги прочешла последните две години од животот на Принс.

– Мораме да утврдиме што правел Принс во последните денови од животот и тоа од минута во минута. Исто така ќе се фокусираме и на последните две годиниод неговиот живот – изјавил извор од полицијата.

Било утврдено дека познатиот музичар последните 154 часа, односно шест ипол дена , бил буден и тоа било вовед за неговата смрт.

Сомнеж предизвикало тоа што Принс неколку дена пред смртта преживеал предозирање, поради што добил силна доза на лекови кои му го спасиле животот.

– Неговата медицинска историја ни е на врвот на приоритетите – открил извор од полицијата, додавајќи дека се проверуваат и телефонските повици, мејловите и содржината на неговиот компјутер.

Принц ненадејно почина на 21 април на 57-годишна возраст. Него во лифтот во куќата во Ченхејсен, Минеаполис, го пронашле помошниците на шерифот кои биле повикани во неговиот дом. На неговото тело немало знаци за повреди ниту докази дека станува збор за самоубиство.

Неколку дена подоцна е откриено дека боледувал од сида и дека се „подготвувал да умре“.

Принс е кремиран на мала приватна церемонија. Музичарот не оставил тестамент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1