Милан П. (41) од Шопиќ кај Лазаревац завршил во ваљевскиот затвор, бидејќи „мртов“ пијан возел 17 деца во „Застава 101“.
Таткото на шест од децата бил запрен на Ибарската магистрала кога тргнал кон Лајковац за да ги разнесе гостите од свадбата на својот син. Лајковачките сообраќајци не можеле да поверуваат кога ги пребројале малолетниците во стариот темносин „стокец“.