Полицијата трага по тројца соработници на групата од Дива населба


Министерството за внатрешни работи изутрината постапувајќи врз основа на наредба судија на претходна постапка изврши претреси во домови и други просториии во Куманово, во село Отља и во село Арачиново, кај лица осомничени за извршувањена кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

policija-lenta-540x312

МВР соопшти дека станува збор за три лица на возраст меѓу 35 и 41 година од кои едно од село Брест, едно од село Отља, и едно лице од Куманово за кои во текот на истрагата се обезбедени докази за нивна инволвираност во пружање логистичка поддршка на криминално терористичката група од Дива населба.

– За време на извршените претреси лицата не се обезбедени и по нив се уште се  трага, а при претрес во домот во село Отља пронајдени и одземени се четири мобилни телефони, три сим картички, како и држач за сим картичка, се наведува во соопштението од МВР.

Пронајдените и одземените предмети ќе бидат предадени на надлежен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1