Полициска потера во Париз: Крадец бегал низ метрото со 100.000 евра


Француската полиција вчера организирала потера по еден крадец, кој бегал во париското метро, откако украл околу 100.000 евра во златни монети од една златара во центарот на Париз

francuska-policijaКрадецот  украл две полици со златници од една златарница во која со метална прачка го повредил продавачот. Полицијата набргу организирала потера и тој влегол во метро на блиската станица Гранд булевар.

Крадецот употребил и оружје, а полицијата возвратила. Со еден куршум бил погоден во рака, соопштила полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1