Синоќа врз кафуле во центарот на Глазгов, во кое имало 120 лица се урна полициски хеликоптер, а се стравува дека притоа загинале најмалку три лица. Полицијата без сопштување на детали вели дека станува збор за голем број на повредени.
Хеликоптерот, во кој биле цивилен пилот и двајца полицајци, се урна на покривот на пабот „Клута волтс“ во 22 часот и 25 минути, по локално време, во моментот кога пред преполната сала настапувал бенд.
Во спасувачката акцијата учествуваат околу 125 пожарникари од специјалистичките тимови за спасување и десетици полицајци и лекари, како и кучиња трагачи, а тој дел од градот од синоќа е отсечен.