Половина северна Грција зборува бугарски? Грците лути на Бугарите


Грчките медиуми денеска објавуваат мапа изготвена од Институтот за бугарски јазик во Софија, според која, во голем дел од северна Грција се зборува бугарски.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во Грција на оваа мапа се гледа како на провокација, особено поради тоа што е изготвена од официјален Институт.kartata

Картата на бугарските дијалекти ја изработил тим научници од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките и ја опфаќа „целата бугарска јазична територија“, а вклучува и аудиозапис и описи на индивидуални говори.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Оперативната програма „Развој на човечките ресурси“, кофинансирана од Европскиот социјален фонд на Европската унија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1