Полската полиција спречила терористички напад врз највисоките политичари


Полската полиција успеала да спречи бомбашки напад врз зградата на Долната комора на Парламентот, Сејмот и го уапсила осомничениот атентатор на 9 ноември во Краков, соопшти на прес-конференција обвинителот Пјотр Красоњ.


Во станот на осомничениот бил пронајден материјал потребен за изработка на експлозив, непробојни елеци, инструкции за изработка на бомби и слично, пренесе дописникот на МИА.
– Целта на нападот беше зградата на Сејмот. Уапсениот се обидел да организира борбена единица, регрутирал луѓе и им давал инструкции. Детално ја испитал околината на Парламентот, изјави Красоњ на пресот.
Мажот, кој државното обвинителство го идентификувало како Бруно К. најпрво одбивал да ја признае вината, но подоцна го направил тоа и соработува со полицијата.

Според неофицијални информации, атентатот го планирал вработен на катедрата за хемија и физика на Земјоделскиот факултет во Краков и со оглед на работата имал пристап кон потребните хемикалии. Не се прецизира дали се работи за уапсениот.
Полското државно обвинителство информираше дека е можно да се работи за националистички, анти-семитски и ксенофобични причини.
Осомничениот не припаѓал на ниедна политичка партија или група.
– Со полна одговорност можам да потврдам дека загрозувањето на безбедноста беше реално, изјави полскиот обвинител Артур Врона, додавајќи дека атентаторот планирал да активира 4 тони експлозив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1