Помфритот, чипсот и маргаринот наскоро забранети со закон!


Дали и вие уживате во чипсот, пофритот и сите останати прехранбени продукти  подготвени со пржење? Наскоро овие продукти ќе бидат забранети!
Сите овие продукти содржат транс масти кои наскоро ќе бидат забранети, па продуктите како чипсот, маргаринот, крофните и сите останати производи кои содржат транс масти нема да постојат барем во “формата” во која моментално постојат.pomfrit margarin cips hrana
Транс мастите се незаситени масти со транс-изомер (Е-изомер) масни киселини, кои доведуваат до многу срцеви заболувања па поради тоа многу владини организации и центри за контрола на исхраната се залагаат за нивна забрана.
Многу од овие владини организации и центри за исхрана наведуваат  дека транс мастите не се безбедни за конзумирање и очекуваат во блиска иднина да бидат забранети.
Копманиите кои произведуваат прехранбени продукти со транс масти имаат временски рок од три години за да ги исфрлат од употреба, а ќе може да ги користат
само во посебни околности и со посебна дозвола.
“FDA” која претставува агенција задолжена за контрола на квалитетот на храната и лековите на Министерството за здравје на САД, предложи забрана на транс мастите уште во 2013
меѓутоа дури сега е објавено дека оваа одлука е валидна.
– Оваа одлука е донесена врз научни докази и тестирање. Истражувањата покажуваат дека исхраната има важна улога во спречувањето на хроничните болести, а оваа одлука е во согласност со други иницијативи на “FDA” за да се подобри здравјето на Американците – вели Сузан Мејн директор на центарот за безбедност на храната на “FDA”.
Бројни студии покажуваат дека транс мастите го зголемуваат нивото на “лошиот” холестерол во крвта а го намалуваат “добриот” холестерол.
Центрите за контрола на болестите и превенцијата забележуваат дека отстранувањето на транс мастите спречило над 20.000 срцеви напади и 7.000 смртни случаи на годишно ниво.
Иако сето ова важи само за Соединетите Американски Држави, се очекува во догледно време овие стандарди да се воведат и во Европа.
Од 2006 година, произвоителите на храна се принудени транспаренто да ја истакнат количината на транс мастите што довело до нивната количина во производите падне за 78 проценти.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1