Ако им помине рокот, месото и сладоледот секако фрлете ги, рибата нема да прави проблеми иако нема да биде вкусна, а доматот фрлете го само ако се појави мувла или мирис на алкохол
Домати
Овој вкусен зеленчук најчесто не доаѓа со декларација, но многу луѓе фрлаат домати ако лушпата се смачка. За разлика од друг зеленчук, доматите стануваат послатки ако стојат малку подолго. Дури и ако меснатата внатрешност потемне и понатаму се добри, само треба да се излупи лушпата. Ќе знаете дека се расипани ако на нивната површина се појави мувла, ако станале воденести или смрдат на алкохол.
Филетите од свежа риба, како лосос или туна, можат да останат свежи со недели откако ќе се спакуваат, под услов да стојат во фрижидер. По тоа време и понатаму можат да се јадат, но нема да имаат толку добар вкус. Свежата риба понекогаш патува две до три недели по фаќањето до купувачот, па кога се купува треба да се обрне посебно внимание. Белата риба треба да има проѕирна и сјајна кожа, таа е без мирис и цврста ако се притисне. Ако почувствувате мирис сличен на амонијак, не ја купувајте бидејќи мирисот доаѓа од распаѓањето на киселината во месото, а најлошата риба изгледа зеленкасто.
Сладолед
Дури и ако се чува во замрзнувач, сладоледот има кус век на траење бидејќи има висок удел на масти во себе, кои лесно се расипуваат. Три месеци по истекот на рокот ќе се изгуби целиот мирис, а најдобро е да не се јаде откако ќе му помине рокот. Расипаниот сладолед можете да го препознаете по темната боја и киселиот вкус.
Паштети и колбаси
Кај фабрички обработеното месо паметно е строго да се држите до рокот на употреба, бидејќи во спротивно може да дојде до труење. При обработката месото е изложено на бактерии како Е.коли и листерии, а заразеното месо може да се препознае по темните делови. Ако површината на колбасите е леплива, наместо мазна и сјајна, или пак примиле потемна боја, најдобро е да ги фрлите.
Јогурт
Овој млечен производ може да се јаде долго откако ќе истече рокот на употреба, но само ако не бил отворен. Во процесот на ферментација млекото се стабилизира така може долго да трае, но сепак треба да се фрли на првата појава на мувла, која на јогуртот може да се појави во сите бои.
Јајца
Јајца во лушпа стојат во фрижидер од три до пет недели, свежа жолчка од два до четири дена, а тврдо варени јајца една недела. Лесно изматени јајца може да се чуваат во замрзнувач до една година. Јајцата сместете ги во најстудениот дел од фрижидерот, не во делот на вратата. За да го тестирате јајцето, ставете го во сад со вода. Ако стои на површината фрлете го, ако потоне смеете да го јадете.
Брашно и зачини
Зачините како чили во прав и пипер можат да траат шест месеци подолго од истекот на рокот на траење, ако на нив е означено дека се пастеризирано со пареа или зрачени, што значи дека се третирани во нив да се убијат сите микроби и габи. Тие микроскопски организми живеат на суви намирници како брашното и зачините. Тие тешко можат да се видат со голо око, но можат да се забележат мали црни точки кај ставање на брашн и зачини во храната. Ако ги видите, фрлете ги намирниците.
Пилешко
За разлика од рибата, пилешкото се расипува многу брзо. Ако почувствувате мирис на труло или киселина, измијте го месото под вода и повторно помирисајте го. Ако и понатаму има мирис, фрлете го. Генерално, опасно е да се јаде пилешко три дена по истекот на рокот поради можност од зараза од салмонела и слични бактерии.