Понеделник неработен ден за сите граѓани


Понеделник, 9 април, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

– Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти МТСП.

Претходно, МТСП информира дека согласно Законот за празниците, 6 април 2018 година, Велики петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1