Понесете чадор денеска ќе врне


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.dozd

Температурата ќе опадне за четири до пет степени.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дненвата од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Утринската температура до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Од понеделник следува период кога во попладневните часови ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст. Извесно преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1