Во просек за 15 отсто пониски сметки за парно ќе добијат скопјани кои се греат на мрежата на Балкан Енерџи.
Компанијата веќе го прави порамнувањето на сметките од јануари до април, и најдоцна до среда треба да се знае за колку точно би било намалувањето. Но Од компанијата за Сител велат дека очекуваат околу 50 .000 граѓани за мај, јуни и јули да добијат пониски сметки за парно во просек од 10 до 15 проценти.
Од Бег очекуваат од први август кога регулаторна комисија за енерегетика треба да ја донесе новата цена , греењето да поветини како резултата на драстичниот пат на цената на нафтата и гасот на светските берзи.
Последен пат регулаторна направи корекција на цената лани во август. Тогаш греењето минимално поевтини, а се донесе и одлука да се продлжи времето на загревање. Радијаторите наместо до 21 да бидат топли до 22 часот. За да почне герјната сезона повеќе не се чека температурите да се под 12 степени 3 дена по ред, доволна е само рпогнозата на УХМР за наредниот ден.
Од Бег информираа дека и натаму продолжува да важи правилото, исклучените граѓани да плаќаат до 20 отсто од сумата која би ја плаќале ако би се грееле.
Годинава на мрежата на БЕГ се приклучени нови 1.200 домаќинства.
Sitel.mk