Попладнево ќе истура дожд


Во текот на попладневните и вечерните часови, како и во текот на утрешниот ден, повторно се најавуваат поројни врнежи од дожд, на места и обилни со грмежи и можна појава на град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кај поголемите водотеци не се очекуваат појави на излевање на водата, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и локални излевања.

– Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава – соопшти УХМР.

Оттаму препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај помалите реки и суводолиците и да бидат претпазливи на сите места каде во текот на наредните два дена се највуваат поројни врнежи од дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1