Попладнево застрелан висок функционер на СДСМ


Денеска попладне со куршум во ногата е застрелан Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник, јави 24 вести.policijarotacijanoke-52787

Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар.

Куршумот завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност. СВР Битола поведе истрага за настанот. Нема повеќе информации за околностите во кои се случил настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1