Поплава во Охрид


Обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа поплави во повеќе населби во Охрид.

На улицата „Стив Наумов“ во населбата Лескајца поплавени се имоти и повеќе индивидуални куќи. Водата е навлезена во домовите, а жителите се обидуваат да спасат што може да се спаси-информира Охридњуз.

ohrid poplava

Поплавени се повеќе куќи и во населбата „Билјанини извори“, каде жителите со пумпи се обидуваат да се спасат од водената стихија.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека попладне ќе има делумно разведрување, врнежите ќе бидат поретки и ќе дува засилен, повремено силен (над 70км/час) југозападен ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1