Зголеменото ниво на Охридското Езеро предизвика проблеми долж крајбрежјето и поплави неколку куќи во Пештани. Поплавени се и поголемиот број плажи, а екологистите стравуваат од евентуално излевање на веќе оптоварениот колекторски систем, известува „Охрид Њуз“.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека нивото на езерото во последните два дена е непроменето и е за 21 сантиметар поголемо од максималната кота.
Нивото на езерото значително се покачи поради интензивните врнежи од дожд што го зафатија регионот изминатиот период.
Ohrid news