Солун утрово беше погоден од пороен дожд кој предизвика поплави на централните улици на градот и го отежна движењето на автомобили и пешаци, јави електронското издание на весникот „Катимерини“.
Поради невремето имало и времен прекин во снабдувањето со струја на делови од градот, а биле предизвикани и доцнења на летовите од солунскиот аеродром.