Поплавено струмичко поле (Фото)


Најкритично е во селото Сушево. Срушени три мостови во оваа населено место, како и во Раборци и Сачево, а 50-тина метри асфалтен пат во Сушево е однесен. Срушени бандери, поплавени домови, уништени цели насади со земјоделски култури. Сушево е без струја и вода. Противпожарната Единица на Струмица со цистерни со вода ги снабдува жителите на Сушево. Поплавени се и Градашорци, Ангелци и Сарај.
poplava_gradotЖителите со плач раскажуваат за синоќешното невреме што го зафати Струмичкиот регион. Општина Василево свика вонредна средница. Критична е состојбата и во реонот на Турново, општина Босилово.

Градоначалниците на Василево и Босилово бараат помош од Владата на Република Македонија. Водата од реката Струмешница од кај селото Добрејци навлезе во градот Струмица, до Домот на пензионерите.

875b9c501fe72ef7127348b31b9df979_XLУлиците околу пазарот “Чешел“ целосно поплавени. Полицијата го забрани сообраќајот на излезот од Струмица кон селото Добрејци, кое е целосно поплавено.
Сообраќајот на регионалниот пат Р-602, кај месноста Три Води во близина на селото Рич, е во прекин заради паднат мост, информираат од АМСМ.
Екипи на ЈПКД “Комуналец“ и Противпожарната Единица од синоќа на полноќ се на терен. 30 литри дожд на метар квадратен наврнало синоќа во Струмичкиот регион, објави порталот „Strumica news“.

Фото: Strumica news

poplava_gradot

poplava001

875b9c501fe72ef7127348b31b9df979_XL

ba813ccea29b022d9bf5e00cb3b5ada2_M

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1