Припадници на Секторот за вонредни состојби при српското МВР, од подрачјето на Прокупље поради поплавите предизвикани од надојдената река Топлица директно спасиле 22 лица од повеќе објекти.
Спасени се и двајца мажи од покриви на автомобили.
Претставникот на Секторот за вонредни состојби во Прокупље Владо Племиќ изјави дека бранот поплави на подрачјето на Прокупље полека почнува да стагнира и оти се упатил кон правец на Житораѓа, каде што е префрлен дел од силите на Секторот за вонредни состојби.
Поради поплавите прогласена е вонредна состојба во Куршумлија, Лучани и Пожега. Најзагрозена точка во Србија во моментот е Заечар, каде исто така е прогласена вонредна состојба.