Поплавите од досега невидени размери кои ги зафатија Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска дефинитивно ќе ја поскапат храната во целиот регион. Природната кафастрофа која влијае на земјоделското производство во овие земји ќе го наруиши и домашниот пазар.
Големиот недостиг на земјоделски производи, пред се овошје, зеленчук и житарици кој што ќе се јави во целиот регион ќе донесе драстично зголемувањена цените на земјоделските производи. Тоа најмногу ќе го почуствуваат граѓаните и тоа за многу кратко време. Освен во земјите погодени од поплавите, ценовниот шок ќе го почуствуваат и македонските граѓани, со оглед на тоа што Македонија е увозно зависна од храна, пред се од житарици.
Според податоците од Стопанската комора на Македонија, Србија е четврти најголем партнер на земјава. Вкупната трговска размена лани изнесувала 791,1 милиони долари. Од Србија најмногу увезуваме пченица и други зрнести култури, цигари, брашно, вода, електрична енергија, нафтени масла, производи од железо.
Според проекциите на српските агрономи за најмалку 20% ќе пораснат цените на овошје, зеленчук, мед, а цената на месото не би требало да има промена.
Според нив, Србија секако нема да гладува, бидејќи полавите не успеаа да уништат значителни површини на пченица, шеќерна репка и сончоглед, бидејќи овие култури најмногу се одгледуваат во Војводина, па затоа не треба да се очекува драстично зголемување на цената на шеќерот, лебот, маслото за јадење, па ни месото.
Сепак водата потопи десетици пластеници и стотици хектари насади со јагоди, лубеница, краставици, домати, пиперки, лук. Експертите коментираат дека овошјето и зеленчукот оваа година ќе бидат луксуз за нив.
Намаленото домашно производство ќе предизвика поголема побарувачка која ќе се обидат да ја надокнадат од соседните земји, пред се Македонија. Тоа ќе значи намалена понуда на домашниот пазар и притисок врз цените.
Од друга страна Македонија е увозно-зависна од пченица како клучна суровина од која се прави лебот, а најголем дел од количините ги набавува од Србија. Експертите сметаат дека трговците треба веднаш да реагираат и да договорат увоз за потребните количини на пченица од други земји, пред се Бугарија.