Порталот “TorrentFreak” објави листа на најсимнувати торенти – интересна е листата за која е откриено дека преку IP адресите во внатрешноста на Ватикан се споделуваат најразлични серии, некои постари филмови, како што е на пример “Love Actually”, но на листата се најдоа и порнографски филмови. Симнувани се и порнографски филмови со трансексуалецот Тифани Стар.
Порнографијата е помеѓу најгледаните и најпреземани содржини на интернет, а тоа очигледно се забележува и во Ватикан, каде што живеат околу 800 жители. Сепак, не е познато дали филмовите се преземани од страна на некој од свештениците или некој вработен во ватиканските служби.