Поповите забранија пушење на погреби и парастоси


Нема веќе пушење на погреби или парастоси, односно секогаш кога е присутно свештено лице кое извршува служба.

20320-zena-pusenje

Ова важи и покрај фактот што се работи за отворен простор, поповите сметале дека пушењето не е соодветно, пишува весникот Вест.

Со пушење на погреб и задушница се сквернават светите служби и се пропагира зависноста кон пороци, велат свештениците– објавува „Вест“ во денешното издание.

Според весникот оваа одлука веќе стапила на сила, и од неодамна поповите веќе им наредувале на верниците кои се присутни на службата веднаш да ги фрлат цигарите. Поповите дури и велеле дека ако сакаат да ги добијат нивните услуги мора да ги фрлат цигарите. во спротивно тие ќе си заминат без да ја завршат работата.

Повеќе детали весникот објавува под наслов „Поповите забранија пушење“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1