Поради Ајфон се парализирала и ќе остане така цел живот (Видео)


Тиан Ју работела повеќе од 12 часа секој ден, шест дена во неделата, а често морала да ги прескокнува оброците и да работи прекувремено во Фокскон, најголемата фабрика која што ги произведува телефоните за компанијата Епл. Поради притисокот и не гледањето излез од својата тешка судбина таа сакајќи да се самоубие скокнала од прозорец од 4 кат.

apple zrtvaОва не бил прв случај на обиди за самоубиство во домот во фабриката во Шензен во Кина – 18 други работници сакале да си го одземат животот, а четворица од нив успеале во тоа. По овие суицидни случаи, компанијата поставила безбедносни мрежи под домовите за работници.

За нештата да бидат уште пострашни, моментот кој ја натерал Тиан да скокне од зградата бил фактот што поради административна грешка таа не ја добила платата од околу 180 евра, што отприлика е само една четвртина од цената на последниот модел Ајфон 5.

Денес, како последица од падот, Тиан е парализирана од половината надолу, а за да може да му помогне на своето семејство за егзистенцијата, таа продава производи преку интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1