На меѓународниот аеродром Сараево синоќа во 22.45 е извршен контрадиверзиски преглед на патниците и багажот поради анонимна дојава за бомба во авионот. Утврдено е дека дојавата била лажна
Прегледан е авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој дошол од Истанбул.
Авионот се наоѓаше на пистата, а околу него имаше голем број полициски автомобили и патници, јавува сараевскиот портал Кликс. Авионите кои слетуваа додека траеше прегледот беа запирани на другата страна на пистата, на голема оддалеченост од овој авион.