Мајка од Камбоџа својата четиригодишна ќерка ја дала во залог за долг кај жена која потоа осум часа дневно ја држела врзана со ланец за столб.
Шокантниот случај на злоставување на дете е откриен по две години, а како што пренесуваат локалните медиуми, девојчето понекогаш морало да ја пие и својата урина, зошто не и давале ниту вода ниту храна.
Работниците од службата за заштита на деца го пронашле девојчето како седи на подот врзано со ланец околу глуждот. Полицијата открила дека маштеата, односно жената која и позамила пари на нејзината мајка, на овој брутален чекор се одлучила бидејќи не можела да се грижи за неа додека работи.
Секој ден кога одела на фармата да работи, го врзувала девојчето со ланец во период од 7 часот наутро до 11 претпладне и од 1 до 5 часот на утро.
Случајот го пријавила соседката Кео Чон (60) која го видела врзаното девојче низ прозорец.
-Мислам дека треба да се грижиме за сите деца, а не да ги врзуваме како кучиња – вели таа.