Поради отказ од работа, 37 годишна жена од Србија се обиде да се самоубие


По неколкучасовни преговори, полицијата успеа да ја одврати 37 годишната Сања Т. од Врњачка Бања да изврши самоубиство. Таа се решила да тој чекор во моменти на нервно растројство поради загуба на работното место.690031_vrnjacka-banja-01-policija-i-hitna-ispred-kuce-sanje-t.-foto-n.-bozovic_f

Драмата почна денес околу 14 часот,кога мајка и ја пријавила дека сака да изврши самоубиство. Набрзо во домот на Сања стигнала полиција, но девојката се заклучила во куќата и не сакала никој да пушти внатре. Полни пет часа траело убедувањето со преговарачкиот тим на полицијата,додека Сања одлучила да ги пушти внатре.

Уште додатна нервоза на овој случај внел фактот што мајката на Сања испила поголема доза на лекови додека траела драмата, поради што е префрлена во болница на испирање на желудникот.

Девојката работела како контролор во базен во Бањата, но не и го продолжиле договорот.

Сања со возило на Брза помош е префрлена во болницата во Краљево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1