Поради статус на Фејсбук, прилепчанец претепан и ограбен


Ноќеска во 01,00 часот во Полициската станица Прилеп, Б.М.(36) пријавил дека на 08.04.2018 година околу 19,00 часот додека се движел пеш по улицата “Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, во кое бил И.Р. (37) заедно со уште едно лице.

Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат на Б.М. во врска со статус на „Фејсбук“ кој тој го напишал за И.Р., по што физички го нападнале.

Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина. По него во куќата влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите.

Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1