Американецот Пол Мариначио поднесе тужба против градот во кој живее поради мочуриште, формирано во близина на неговиот дом и по седум години доби отштета од 1,6 милиони долари, пренесува МИА
Мариначио од Клеренс, Њујорк се плаши од жаби уште од своето рано детство. Тој во Италија бил преплашен со жаба од човек што го бркал од својот имот. Една деценија подоцна, тој е затвореник во својот дом.
Сепак, судбината со него си поигрува и земјиштето до неговата куќа буквално се трансформирало во мочуриште, полно со сите видови суштества и секако жаби.
Мариначио ги тужел градот и компанијата поради која е формирано мочуриштето, а по седум години конечно доби отштета во висина од 1,3 милиони долари од градот, 328.400 долари од компанијата и 250.000 долари за претрпена емоционална болка.