Порака до секој што има Ковид 19 или се излечил – од Вистински Пријател


На социјалните мрежи многу хумани гражѓани се организираат и помагаат како можат во оваа ситација. Еден од тие постови ви го објавуваме во целост.

Почитуван пријателе, сосед, другар, колега … Знам дека поминуваш низ тежок период, знам дека многу те подржуваат, некои се откажаа од тебе, те сожалуваат, те навредуваат, се плашат од тебе.

Добиваш разни информации, а ти се плашиш зошто незнаеш кога и дали ќе имаш повисоки, потешки симптоми и температури. Знам дека ти е тешко. Ако треба да ти купам нешто слободно пиши ми или звони. Веднаш ќе дојдам. Тука сме.

Ќе заврши ова. Ќе се дружиме. Заедно ќе бидеме и во лошо и зло. Сега мисли на позитивни работи. Не се плаши – стресот го намалува имунитетот. Биди цврст силниот ум се победува.

Нареди ја храната и апчињата покрај тебе. Немој Благо да јадеш и Алкохол да пиеш. Јади здраво природно. Ќе ти оставам Јаболко, вишна, слива, портокал… Ако треба ќе ти изблендирам за директно да внесуваш минерали и витамини.

Исправи се. И ти ќе помогнеш кога ова ќе заврши.

Можеби и јас ќе бидам легнат и мене ќе ми треба помош. Сам живеам и јас. Мора да се помагаме. Малку народ сме. Уште помалку Пријатели што се познаваме.

Звони ми. Пиши ми. Тука сум.

Биди ми силен и ќе трчаме пак наскоро по кејот на Вардар и ќе идеме на сите протести против загадувањето. Држи се и звони ми. Поздрав ВЧП. ( Хуманитарни акции)

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:

https://www.facebook.com/Humanitarni.akcii.vo.Makedonija/posts/2857639527688798
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1