Пораката од Тито ќе се врати на ѕидот на Стара железничка


zeleznicka tito

Пораката на Јосип Броз Тито на ѕидот од Музејот на Град Скопје, која беше отстранета пред 12 години, повторно ќе се врати на истото место.

За јубилејното одбележување на петте децении од земјотресот, кој однесе многу жртви и го разурна главниот град, беше најавено дека ќе има реконструкција и доградба на тој дел од Музејот, па пораката за солидарност на Тито повторно ќе стои на ѕидот од старата железничка станица.

Пораката беше отстранета пред 12 години од страна на тогашниот директор на Музејот, со објаснување дека буквите ќе се заменат со нови, а ѕидот ќе се реконструира, но досега тоа никој не го стори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1