Поранешен декан на Стоматолошки `простил` 55.000 евра стипендии


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за поранешен декан на Стоматолошкиот факултет од Скопје, поради сторени финансиски малверзации.

Имено, деканот од 2010 до 2012 година, на некои специјализанти, од само нему познати причини, им го простил надоместокот за специјализацијата кој биле должни да го платат.novac-pare-mito-1391561780-440269

На шестмина специјализанти од Стоматолошкиот факултет кои добиле соодветно Уверение за специјалист, им било дозволено за тоа да не го намират соодветниот предвиден паричен надомест.

„Иако пријавениот бил свесен дека сите останати специјализанти си ги подмириле своите обврски кон факултетот или склучиле договор на нотар за уредување на динамиката на плаќање на заостанатиот долг, сепак дозволил шесте привилегирани да специјализираат гратис“, се вели во соопштението од Финансова.

Со ваквото однесување, поранешниот декан причинил директна штета на буџетот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во износ од 55.000 евра

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1