Српскиот кошаркар Никола Радојчиќ (27) е упасен на аеродромот Хорхе Чавес во Перу поради обид за шверц на кокаин.
Според информациите на перуанските медиуми, дрогата била пронајдена во стомакот на кошаркарот. Тој голтнал 23 капсули во кои се наоѓало по 10 грама кокаин, пренесува Курир.
Со него бил уапсен и неговиот пријател Урош Докиќ (21) кај кого исто така била пронајдена дрога во стомакот. Двајцата завршиле во локална болница, каде под силно полициско обезбедување им биле извадени капсулите од стомакот.
Перуанските медиуми објавија дека уапсените лица планирале преку Амстердам да ја пренесат дрогата во Белград.
Вредноста на кокаинот се проценува на 150.000 евра. Според локалните закони ги чека затворска казна во траење од осум години.
Инаку, Никола Радојчиќ во својата кариера настапувал за Црвена Звезда, Будуќност, Гран Канарија, Хелос, Тенерифе, Рапид, Омонија, МЗТ Скопје и Куманово.
Видеото од апсенењто на Радојчиќ и Докиќ можете да го погледнете на следниот ЛИНК.