Кара Меколум (24), поранешна мис на Њу Џерси, почина откако една недела поминала во критична состојба по сообраќајната несреќа којашто ја доживеала.
Откако се случила несреќата, Кара Меколум била во тешка состојба, а на Фејсбук беше креирана страница „Молитви за Сара“ (Prayers for Cara), на која вчера и беше соопштена трагичната вест дека младата девојка починала.
„Кара почина утринава. Нејзиното семејство беше со неа во операционата сала, а потоа мирно почина утринава во четири и пол часот. На крајот, не се важни годините кои сте ги живееле. Се важи само тоа како сте живееле за тие години. На сите ќе ни недостасува. Пред да почине, Кара донесе несебична одлука да ги донира своите органи. Нечии животи се спасени благодарение на неа“, пишува на страницата на Фејсбук.
Се верува дека русокосата убавица наеднаш забрзала со Мустангот, пред автомобилот да почне да се превртува на патот, а потоа урнал неколку стебла и на крајот запрел на дното на насип. Исто така, се смета дека мисицата не била под дејство на алкохол или дрога кога се случила несреќата. Во автомобилот била сама, а не била врзана со безбедносен појас.
„Кара покажуваше топлина кон секој со кого се запознаваше. Таа беше дел од нашето ново семејство и благодарни сме што работевме со неа, дури и за толку кратко време. Ужасно ни недостасува“, рекле колегите од натпреварувањето за Мис.
Кара по потекло била од Арканзас и дипломирала на Универзитетот Принстон, а на социјалните мрежи се огласило и нејзиното момче, Кит Џонс.
„Најискрено им се заблагодарувам на сите ваши молитви. Благословен сум и вечно ќе бидам благодарен за времето што го поминав со Кара. Нејзиното големо срце ме збогати и засекогаш ме промени“, напишал тој.