Поранешниот менаџер на Аланис Морисет ѝ украл 5 милиони долари


Поранешниот менаџер на пејачката Аланис Морисет, Џонатан Шварц на пејачката од сметка и украл 5 милиони долари и ги потрошил на луксузен одмор на Бора Бора, а со нив ги отплатил и коцкарските долгови, кои му се насобрале додека престојувал на Бахамите.Alanis Morissette, singer

Шварц освен што ја застапувал 41-годишната пејачка, негови клиентки биле и поп-ѕвездите Мараја Кери (46) и Бијонсе Ноулс (34).

– Џонатан на почетокот на годината доби отказ откако Морисет забележала дека на нејзината сметка и недостасуваат 5 милиони долари – тврди близок извор на пејачката.

Аланис која не снимила албум од 2012 година, бара Шварц да и ги врати парите. Тој во моментот поради кражба на пари ја тужи компанијата под која работел како менаџер. Кога го прашале каде се парите, Шварц им изјавил дека Аланис го замолила да ги извади сите тие пари од нејзината сметка и да ги вложи во работа со марихуана. Во тужбата стои дека пејачката ги отфрла тие тврдења.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1