Поранешниот аргентински министер за јавни работи, Хозе Лопез е уапсен, откако беше осомничен за криење на милионски износ готовина, во американски долари, во еден манастир.
Аргентинската полиција соопшти дека била повикана, кога калуѓерките во една религиозна зааедница- манастир, оддалечан 55 километри од Буенос Аирес, забележале како еден човек фрла полни пластични вреќи преку високиот ѕид на манастирот.
Хозе Лопез беше министер за јавни работи во владата на поранешната претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер.
Судовите во земјата веќе имаат покренато истрага против неколкумина министри во владата на Кирхнер, сите осомничени за перење пари.
Поранешниот министер Лопез, првично, бил притворен за незаконско носење и поседување на пушка.
Претресот на вреќите кои ги пријавиле калуѓерките, покажал дека во нив има голема сума пари во разни валути, како и десетици скапоцени часовници.
Медиумите во Буенос Ајрес пишуваат дека во вреќите биле најдени седум милиони во долари, евра и јапонски јени, но дека многу повеќе пари имало во автомобилот со кој патувал поранешниот министер.
Новата аргентинска администрација на претседателот Маурусио Макри, која е на власт од декември 2015 година, покрена енергична кампања за елминација и искоренување на корупцијата во земјата.