Поранешниот министер за внатрешни работи е осуден на две години затворска казна


Поранешниот француски министер за внатрешни работи Клод Геан е осуден денеска на две години затворска казна, од кои една година под строг режим, под обвинение за присвојување државни средства.

Парискиот Апелационен суд ја зголеми казната, дадена од првата инстанца, која беше две години условна казна.minister vnatresni francija

Судот ја потврди глобата на првата инстанца во висина од 75.000 евра и забраната за 72-годишниот Геан да зазема државни функции во период од пет години.

Пресудата е донесена по обвинение за присвојување на парича сума од буџетот на полицијата во висина од 210.000 евра.

Делото е извршено во периодот од 2002-2004 година, во времето кога Геан беше началник на канцеларијата на тогашниот министер за внатрешни работи Никола Саркози.

Геан беше министер за внатрешни работи од 2011 до 2012 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1