Пожарникарите сè уште се борат со пожарите во Португалија. Моментално активни се 145 пожари, од кои 30 се сметаат за сериозни. Најмалку 32 лица настрадале во низа шумски пожари во Португалија, вклучувајќи и едно бебе.
Во пожарите кои владеат моментално во Португалија се вели дека најмалку 32 лица настрадале, вклучувајќи и едно бебе, додека 50 лица се повредени, соопштува португалската Агенција за цивилна заштита. Пожарите се предизвикани од ураганот Офелија и илјадници луѓе се евакуирани од северозападната покраина Галиција.
Португалската Агенција за цивилна заштита соопштила дека меѓу настраданите има и едномесечно бебе кое било пронајдено на околу 200 километри северно од Лисабон, а телата на нејзините родители се пронајдени во близина.
Според она што го наведува агеницијата, потврдено е дека повеќе од 50 лица, од кои 15 сериозно се повредени, а пријавени се девет лица за исчезнати во пожарите кои избувнале за време на викендот.
Според зборовите на портпаролката на Агенцијата, Патришија Гаспар, пожарникарите сè уште се борат со 145 пожари во Португалија. Бројот на пожарникари изнесува 5.300 кои се со повеќе од 1.600 возила на терен.
Службата за вонредни ситуации забележале дека оваа недела имало 523 пожари, што најголем број на пожари за еден ден во последните 10 години.
Најмалку 10 училишта се затворени во градот Виго, Галиција поради пожарите, соопштиле локалните претставници.