Посебен сообраќаен режим и безбедност од прв степен во Скопје


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони, во Скопје.

Поради нивното гостување одреден е прв степен на безбедност од копно и до воздух посебен сообраќаен режим во Скопје.

Состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.

По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера со традиционална македонска храна и домашни вина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1