Посебен сообраќаен режим поради Духовден


Од МВР информираат дека поради претстојниот верски празник Духовен на 18 јуни, во сабота, кај гробиштата Бутел од 7 часот, па се додека има потреба од соодветно регулирање на сообраќајот, истиот ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“ до паркинг – просторот пред гробиштата.butel500

За излез возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.

Во останатите денови, на 17ти и 19ти јуни, петок и недела, кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник од страна на сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат преземени сите соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1