Истополови бракови и посвојувања на деца од истополови двојки се прифатливи за половина од пратениците кои учествувале на истражување за правата на ЛГБТИ луѓето и заштита од дискриминација спроведено од јули до номеври 2017 година од страна на коалицијата „Маргина“ Сепак, анектата ја прифатиле само 13 од 120те пратеници од Собранието. Од нив 8 немаат проблем да се појават на парада на гордоста.
Денеска во Собранието за прв пат е формирана интерпарламентарна група која ќе работи на промоција на правата на ЛГБТИ заедницата. Павле Богоевски и Бранко Манојловски од ДУИ кој емотивно реагираше на пратнеичката група се единствените мажи претставници во оваа група.
Во групата не членува ниту еден пратеник од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ, иако нивна пратненичка учествувала во истражувањето.
Опозицијата и поголем дел од албанските партии во своите програми немаат одреби за ова прашање.