Поштата во Охрид ограбена со пластичен пиштол


Вчера во 17,40 часот во Охрид, на ул.„Билјанини извори“ во пошта непознат сторител маскиран со фантомка на главата и под закана со пиштол извршил разбојништво над вработената С.Л.(42) од Охрид, при што одзел околу 16.000 денари.

grabezОткако  сторителот ја напуштил поштата, случаен минувач се обидел да го задржи, но сторителот физички го нападнал, по што се дал во бегство и во тој момент му паднале делови од пиштолот, при што е утврдено дека е пластичен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот – соопшти полицијата.

Инаку, истата пошта на речиси идентичен начин беше ограбена на 23 јануари 2010 година, кога исто така маскиран разбојник со лажен пиштол од вработените го одзел прометот од 51.300 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1