Поскапе горивото, ова се новите цени на дизелот и суперот


Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,66, односно за 1,29 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 59,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,764 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,367 денари.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,81 отсто повисоката просечна цена на сурвата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,54 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1