Поскапе пајак службата во Центар


Општина Центар донесе одлука за покачување на цените за за подигнато возило кое е непрописно паркирано, па пајак службата на Јавното претпријатие „Паркинзи – Центар” од сега ќе наплаќа по 1.500 денари, наместо 1.000 денара колку што изнесуваше досега.

pajak-sluzbaОдлуката била донесена на седницата одржана во понеделник и се однесува на отпочнувањето на преместувањето на моторното возило. Преместувањето на возилото во депото на пајак службата и понатаму изнесува 2.500 денари, а секој час од престојувањето во депото чини и понатаму 60 денари. Советниците изгласаа и зголемување на цената на бизнис картата, односно месечниот надомест за паркирање во зоната каде што работи корисникот. Наместо досегашните 500 денари, вработените од сега месечната карта ќе ја плаќаат по 800 денари.

Од 2.000 денари на 2.500 е зголемена и услугата на пајак службата при преместување на неисправно, напуштено или оштетено возило во сообраќајна незгода, по налог на сообраќајна полиција, друг овластен работник или сопственик на возилото.

Промената на овие цени ќе стапи на сила по објавување на одлуката на Советот во Службен весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1