Поскапе поевтунувањето – Струјата наместо за 4,48 отсто, ќе поевтини за 3 отсто


Струјата наместо 4,48 отсто ќе поевтини само за 3 отсто, одлучила второстепената комисија во Регулаторната комисија за енергетика.

struja-33Пред два месеци Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цената за 4,48 отсто, но сега пo најновата одлука намалувањето на цената ќе биде процентуално помало , односно 3 отсто.

Од ЕВН појаснија дека намалувањето од 3 проценти ќе важи за потрошената струја за месец август, додека, пак, сметките за потрошената електрична енергија во јули домаќинствата ќе ги добијат со намалувањето од пред еден месец кое изнесуваше 4,48 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1