Регулаторната комисија за енергетика денеска изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,45%, односно за 2,36% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 54,778 $/барел и е за 5,14% повисока од просечната цена на суровата нафта (52,100 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 51,5425 ден/$ и е за 0,759 % понизок од курсот на доларот (51,9366 ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 3,51% или за 19,60 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 7,11% или 32,65 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 4,87% или за околу 14,29 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,45%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,36%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.09.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.09.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,656 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.09.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,537 ден/кг.
За сметка на трошокот на промет (малопродажна маржа), малопродажните цени на нафтените деривати во однос на највисоките цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), можат да бидат намалени за: 0,5 ден/лит (2 ГРУПА НА ЦЕНИ), 1,00 ден/лит (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и 1,5 ден/лит (4 ГРУПА НА ЦЕНИ). Согласно погоре изнесеното, трошоците на промет (малопродажна маржа) за секој нафтен дериват пооделно изнесуваат: 3,200 ден/лит за (1 ГРУПА НА ЦЕНИ); 2,776 ден/лит за (2 ГРУПА НА ЦЕНИ); 2,353 ден/лит за (3 ГРУПА НА ЦЕНИ); 1,929 ден/лит за (4 ГРУПА НА ЦЕНИ), додека вредноста на малопродажната маржа за М-1 и М-2 за сите четири групи има иста вредност и изнесува 0,400 ден/кг.