После 26 години слонови во Зоолошката градина, двете слоници Дуња и Даела


Зоолошка градина Скопје за првпат после 26 години станува дом на слонови. Двете слоници Дуња и Даела синоќа пристигнаа во Зоолошката градина.

Двете слончиња јавноста ќе може да ги види во саботата, кога се спрема и хепенинг за добредојде.

„На 29-ти септември им посакуваме ДОБРЕДОЈДЕ на слониците Дуња и Даела кои ќе ни раскажат една емотивна приказна и ќе ги освојат срцата на сите посетители на Зоолошка градина Скопје – информираа од Зоолошката градина.

Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1