После неколку векови Турците смеат да користат тоалетна хартија


Верските власти во Турција ја одобрија употребата на тоалетната хартија за своите граѓани, после забраната која траеше неколку векови, пишува Канал 5.

Турската дирекција за верски прашања објави фатва во која се наведува дека сега е прифатливо во Турција да се користи тоалетна хартија за лична хигиена, но само доколку нема вода.toaletna-hartijaaa

„Доколку нема можност да се пронајде вода за чистење, тогаш може да се искористат и други средства. Иако поединци сметаат дека хартијата е неприкладен материјал за чистење, сепак сега не постојат проблеми во нејзиното користење“ – изјавија од дирекцијата.

Претходнo, забраната за употребата на тоалетната хартија во Турција ја вовел Кади Ал Хајах, како и други правила за начинот на кои муслиманите треба да извршуваат нужда.

Тие правила се конципирани пред пронаоѓањето на тоалетната хартија или тоалетната школка. Според тие правила муслиманите, пред и после заминувањето во тоалет мора да изговорат кратка молитва….За “чистење“ можат да користат само вода, три камења или својата лева рака.

И пред да биде одобрена употребата на тоалетната хартија одредени произведувачи во Турција започнаа со правењето на “халал тоалетна хартија“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1