Киви, фантастичното јужно овошје со неверојатни супермоќи во Кина е познато веќе преку 2.000 години.
Благодарение на количината на витамин Ц, ова егзотично овошје е одлично за зајакнување на имунитетот и во одбраната од респираторните инфекции и затоа е најдобар избор во овие ладни денови.
Затоа што изобилува со калиум, кивито е и природно решение за намалување на крвниот притисок. Исто така, ова овошје го намалува и ризикот од срцеви болести, тумор, главоболка, мозочен удар и се бори со стресот.
Доколку имате проблем со несоницата, токму кивито може да ви помогне да го решите овој проблем.
Единствено што би можело да ви го „расипе ентузијазмот“ е чистењето, односно лупењето. На овој начин можете да излупите киви буквално за 5 секунди.