ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ: Ја испративме кралицата да им пее на ангелите


Пријатели, роднини и колеги ја испратија легендарната Есма Реџепова во вечниот дом.Голем број колеги, пријатели, почитувачи на ликот и делото на Есма Реџепова денеска на градските гробишта во Бутел се простија од кралицата на ромската музика. Меѓу нив беа Ибуш Ибраимовски, Виолета Томовска, Ванчо Тарабунов, Ферус Мустафов, Драган Вучиќ, Јордан Митев, Борче Нечевски, Борис Трајанов, Амди Бајрам, Весна Петрушевска, Михајло Маневски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, лидерот на владејачката партија Никола Груевски и другиesma44

Есма Реџепова е родена на 8 август 1943 година во Скопје, а почина вчера, 11 декември, во болница, по кратко боледување. За нејзините дела може да се зборува со денови, може да се напишат книги, може да се снимаат многу филмови бидејќи, пред сè, Есма беше човек.

Таа беше еден од најголемите хуманитарци што живееле во оваа наша земја, а за музиката што ја остави, може само да бидеме горди и да ја чуваме во нашите спомени.hitportal-esma-13

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1